Завршија археолошките ископувања на локалитетот Градиште Археолозите од Кумановскиот музеј завршиа со археолошките ископувања на локалитетот Градиште во с. Младо Нагоричане, кои беа предвидени во годишната програма на институцијата, а одобрени и финансирани од Министерството за култура.
Трета фаза од терестичкo прскање против комарци во Куманово Општина Куманово утре (петок) ќе изврши трета терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.
Еден починат, 21 заболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово Нови 21 случај на позитивни на вирусот ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
16 напади од кучиња скитници за шест месеци- граѓаните и здруженијата бараат решавање на проблемот Вкупно 16 напади од кучиња-скитници пријавиле граѓаните во полицијата во Куманово, во првата половина од годината.
Mozzart донираше свежо овошје за здравствените работници во Општата болница во Куманово Компанијата Mozzart Bet, денеска во Општата болница во Куманово донираше околу 500 килограми свежо овошје.
СДСМ Куманово организира крводарителска акција Во четврток, од 10 часот до 17 часот, во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, СДСМ Куманово организира крводарителска акција.
Фирми од Куманово зеле пари од државата за плата на работниците, но не ги исплатиле Фирми од Куманово кои добиле поддршка од државата за исплата на плата, не им ги префрлиле парите на вработените за два месеци. Станува збор за 16 фирми за месец април и 21 фирма за месец мај.
Десет новозаразени и еден починат од коронавирусот во Куманово, еден нов случај и во Липково Единаесет нови случаи позитивни на ковид-19, денеска, се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Од денеска во Бугарија ќе може да се патува со негативен ПЦР-тест Од денеска граѓаните на Македонија ќе може да патуваат во Бугарија, но ќе треба да приложат негативен ПЦР-тест.
Започна санацијата на „Искрин мост“ во Куманово Започната е санацијата на т.н „Искрин мост“ на реката Пчиња, на магистралниот пат Куманово-Свети Николе, кој се смета за еден од најдолгите мостови во државата, со должина од 355.50 м. Во моментот се работи на санација на столбовите, а приспапот до него е преку селото Шупљи Камен.
Монодрамата „Дневникот на лудиот“ во Театар Куманово Во дворот на Театар Куманово вечерва во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Дневникот на лудиот“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на актерот Бобан Алексоски.
Стојанче Величковиќ повторно на чело на СВР Куманово Стојанче Величковиќ повторно е поставен на функцијата началник на Секторот за внатрешни работи Куманово- во Биро за јавна безбедност.
Уште шестмина новозаболени и двајца оздравени од коронавирус во Куманово Нови 6 случаи позитивни на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово. Оздравени се двајца пациенти.
Поевтинува бензинот за половина денар Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Почнува исплатата на јулските пензии Исплатата на пензии за месец јули почнува од вторник, 28 јули. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме четврти месец по ред, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Германска донација за Кумановската болница Германската амбасада во Македонија ќе донира 152.000 евра, на Општата болница Куманово, Клиничка болница Штип, Здравствен дом Гостивар и Општа болница Прилеп, заради поуспешно справување со пандемијата од ковид 19. Договорите за донацијата ги потпиша амбасадорката Анке Холштајн.
ЛЕКЦИИ ОД ПЕПЕЛТА Секое лето, со првите високи температури и силното сонце, соочени сме со истата слика која... м-р Муарем Шакировски - Ганди