Осум новозаболени и 72 оздравени од коронавирус во Куманово, една почината од Липково Во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се осум новозаболени и 72 оздравни пациенти од коронавирус. Регистиран е и еден смртен случај во Липково.
Непречено се гради пругата Куманово-Бељаковце Ниту еден проект не е запрен поради пандемијата на коронавирусот, а се работи на изградба на патишта, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови, тврди министерот за транспорт Горан Сугарески.
Ќе важат старите дозволи за движење на работниците и при промена на времето на полицискиот час Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи, - соопштуваат од Владата.
Осум новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за КОВИД-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања.
Опожарено ауди на кумановец Опожарено е патничко моторно возило марка „ауди“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на М.Д. од Куманово.
Разликата помеѓу двата теста на Димитриевски била 18 дена, доволно да биде негативен, кажа Филипче Разликата помеѓу двата теста на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, била 18 дена, а со третиот тест уште дополнителни 10 дена, што е сосема доволен период да еден пациент се негативизира, изјави министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција на прашањето како можел градоначалникот да добие негативен тест во приватна клиника ако предходно бил позитивен на коронавирус и дали постои сомнеж во квалитетот на тестовите кои се користат во центрите за јавно здравје.
Владата обезбеди 34.000 маски за Куманово Владата обезбеди 34.000 маски за граѓаните на Куманово. Маските денеска се доставени до Општинскиот штаб за заштита и спасување на и наредните денови ќе се делат бесплатно на граѓаните.
Малолетници натепале кумановец кај Спомен костирницата СВР Куманово поднесе кривична пријава против тројца малолетници на 17, 16 и 14 години сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Протоколот е јасен на градоначалникот не може да му се укине изолацијата, рече директорката Сотировска-Буховска Градоначалникот Максим Димитриевски мора да остане во изолацијата додека не поминат 14 дена и не му биде направен втор тест, кажа денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотировска-Бухова.
Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1.
Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен Претседателот на Владата Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.
Градоначалникот Димитриевски тврди дека е негативен на коронавирус, направил нови тестови Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, тврди дека е негативен на коронавирус откако повтроно се тестирал на негово барање.
11 новозаболени од коронавирус во Куманово Во Куманово се регистрирани нови 11 случаи заболени од коронавирус.
Над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија една недела порано, исплатата ќе се врши етапно Исплатата на априлските пензии почнува од утре, соопштуваат од Министертсвото за труд и социјална политика.
Го убил братучедот пред џамија во Липково СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Б.С.(43) од с.Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Општина Куманово ќе дели бесплатни заштитни маски на граѓаните Општина Куманово ќе набави дополнителна количина на заштитни маски кои оддееска бесплатно ќе се делат на граѓаните од страна на редарските тимови на штабот.