Забрането движење од 16 до 5 часот за време на викендите Во сабота и недела се забранува движење на сите граѓани од 16 до 5 часот наутро, одлучи Владата на денешната седница.
Не го почитувале полицискиот час, па бегале од полиција Кумановската полиција поднесе кривични пријави против А.С.(39) од с.Водоврати, Градско и С.С.(35) од с.Ќојлија, Петровец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Целосен карантин и поголема стручна и медицинска помош, побара Димитриевски Градоначалникот на Куманово Масим Димитриевски, денеска го повтори барањето да се воведе целосен карантин во градот, а истовремено побара поголема поддршка и стручна помош од Министертството за здравство.
Регистрирани три нови случаи на коронавирус, вкупно 11 заразени во Куманово Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.
Занаетчиската комора и кумановската фирма ТИ-ДИ ФЕШН донираа 500 заштитни маски Занаетчиската комора и фирмата ТИ-ДИ ФЕШН од Куманово донираа 500 заштитни маски за припадниците во Полициската станица во Куманово и за сите други професиналци кои се справуваат со коронавирусот.
Во Куманово 13 сантиметри снег, минималната температура -2 Во 7 часот висината на снежната покривка во Куманово изнесува 13 сантиметри снег. Најмногу снег навеа во Ѓуриште 31 сантиметар и најмалку во Скопје 2 сантиметри.
Стручен медицински персонал и техничка помош за Општата болница – Куманово Стручен медицински персонал и техничка помош за потребите на Општа болница – Куманово ќе обезбеди Владата, со цел да се извршат што поголем број на тестирања од коронавирус и навремено и точно да следи состојбата со инфицираните лица во Куманово.
Препорака да се редуцираат вработените или да се затворат фабриките во Куманово Владата на вчерашната седница ја дополни oдлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.
Се укинува меѓуградскиот и градски превоз, се затвораат продавниците во трговските центри во Куманово Се укинува меѓуградскиот и градскиот превоз и се затвораат сите продавници кои се наоѓаат во полуотворени трговски центри во Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот меѓу граѓаните, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Двајца лекари и медицинска сестра се заболени од коронавирус, се чекаат резултатите на 63 ново тестирани Тројца здравствени работници се меѓу петмината новозаразени граѓани во Куманово. Направени се тестови на 63 сомнителни случаи и се чекаат резултатите да пристигнат во текот на вечерта.
Докторка од Кумановската болница една од петте новозаболени од коронавирус Докторка - вработена во Општата болница е една од петте новозаразени од коронавирусот во изминатите 24 часа во Куманово. Докторката информацијата за својата болeст ја сподели на Фејсбук.
Казнени налози за три лица од Куманово Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд во Куманово, достави предлози за издавање на казнен налог за три лица што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Во Куманово 5 нови случаи на заболени од коронавирус, вкупно 8 Нови пет случаи на заболени од коронавирус се регистирани во Куманово.
Најдена бомба на автопат Куманово - Табановце С.Р.(62) од с.Табановце пријавил во СВР Куманово, дека на банкина покрај автопат Куманово- граничен премин „Табановце“, во близина на бензинска пумпа, пронашол рачна бомба.
Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните Владата на синоќешната седница донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.
Владата да воведе карантин во Куманово, бара Кризниот штаб Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, побара од Владата да донесе одлука за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.