Димитриевска и Додевски се закитија со медали на Државното пингпонгарско првенство во Штип Ива Димитриевска и Милан Додевски, ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, членови на Пингпонгарскиот клуб „Рисови“ од Скопје, освоија две медали на 28-то Државно првенство во екипна конкуренција за јуниори, кое се одржа викендов во Штип.
„Имотот на агата“ премиерно во Кумановскиот театар Во Театар Куманово, утре во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Имотот на агата“ работена според едночинката „Просидба“ од Чехов, а во режија на Марко Богдановски.
Без струја неколку населби и села Без напојување со електрична енергија денеска се неколку приградски населби и села во кумановско-липковскиот регион.
Без вода потрошувачите на четири улици Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на 4 улици во градот.
Трошна куќа на „Илинденска“ опасност за граѓаните Стара и трошна куќа, која се наоѓа на улицата Илинденска, спроти зградата на „Комитет“ , секој момент може да падне.
Владата ги прифати барањата на „Марш за чист воздух“ Владата ги прифати барањата кои ги поставија организаторите на „Марш за чист воздух“, заради заедничко обединување на институциите и граѓанскиот сектор во исполнување на Планот за чист воздух.
Литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, распиша литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“, за учениците од основните училишта. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 20 декември.
Црвен крст и граѓаните на Куманово донираа 76.000 денара за настраданите во Драч Црвениот крст Куманово во соработка со граѓанската иницијатива „Куманово за Албанија“, собра вкупно 76.250 денари и 500 литри флаширана вода за настраданите семејства во земјотресот во Драч.
Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10 милиони денари Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово го доби тендерот за зимско одржување на улиците и патишата во Куманово. Договорот кој го склучила со општината тежи 10 милиони денари.
Форумот на жени на СДСМ Куманово против насилството врз жените Фoрумот на жени на СДСМ Куманово, заедно со локалниот клуб на млади на СДСМ, денеска се приклучи кон одбележувањето на кампањата „Шеснаесет дена активизам против родово базирано насилство“.
Mарш за поддршка на лицата со попреченост во Куманово Стотина родители, деца и граѓани денеска маршираа низ кумановските улици, заради поголема поддршка на лицата со пречки во развојот, по повод 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Наредната недела ќе започне новогодишното украсување на Куманово За десетина дена ќе започне новогодишното украсување на Куманово, во пресрет на новогодишните и божикните празници.
Изложба „Зад границите на кругот“ од Петра Јовановска Во Уметничката галерија во Куманово вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовната уметница Петра Јовановска со наслов „Зад границите на кругот“.
Концерт „Со звуците на обоата“ во Куманово Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи концерт „Со звуците на обоата“, во изведба на Гордана Јосифова Неделковска (обоа) и Елена Атанасовска Ивановска (пијано).
Жител на Лопате злоупотребил податоци на тетовец на Фејсбук СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(30) од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Дизелот поскапува, бензините со иста цена Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.