Мени

Се укинува сметко-потврдата како придружен документ на фискалната сметка

Се укинува сметко-потврдата како придружен документ на фискалната сметка

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6000 денари.

Отворен ден во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

Отворен ден во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

 Под мотото „Светот околу нас“ денеска во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, се одржа отворен ден на кој беа презентирани граѓанските компетенции на учениците стекнати преку разновидни ученички иницијативи и проектни активности.

Кривични за инженери и фирма заради фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

Кривични за инженери и фирма заради фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово, поднесе кривична пријава против С.Т.(47) и К.Н.(35), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Љ.Т.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против ДПГТУ „КООП Инженеринг“ - ДОО Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

89 возачи исклучени од сообраќај, возеле пијани и без возачка дозвола

89 возачи исклучени од сообраќај, возеле пијани и без возачка дозвола

Во текот на изминатата недела (11.11-18.11.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, преземени се мерки и активности, при што се констатирани повеќе неправилности и прекршување на сообраќајните правила.   

Царовска во Куманово: Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензиите

Царовска во Куманово: Покачувањето од 700 денари ќе влезе во основицата на пензиите

Зголемувањето на пензиите во јануари 2020 година, социјалната пензија и други актуелни прашања беа тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со пензионерите во Куманово.

До денеска пријавување за бесплатна вакцина против грип

До денеска пријавување за бесплатна вакцина против грип

Од Министерството за здравство, информираат дека вакцинацијата против грип ќе започне на 22 ноември, а бесплатните вакцини се наменети за лица над 65 години, лица со хронички заболувања, деца на вораст од 6 месеци до 5 години, здравствени работници и бремени жени.

Основците или се насилни или секој ден трпат насилство на училиште

Основците или се насилни или секој ден трпат насилство на училиште

 На прашањето „Колку пати во последните неколку месеци е извршено насилство врз тебе во училиштето?“, 24 отсто од учениците рекле дека биле изложени на насилство во училиштата и тоа, 5,1 отсто намалку еднаш во неделата.

Поткозјачки литературни средби во Куманово

Поткозјачки литературни средби во Куманово

Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи литературната манифестација  Поткозјачки литературни средби 2019, во рамките на "Ноемвриски денови"-Ден на ослободување на Куманово, како и јубилејот  500 години постоење на Куманово.