Центарот за култура ја одложи изложбата „Жените и фотографијата 2020“ Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата 2020“, којашто вечерва требаше да се случи во Центарот за култура „Трајко Прокoпиев“ во Куманово се одлага за седум дена, согласно вчерашната донесена одлука на Владата на Република Северна Македонија, заради превенција од корона вирус.
Со моќни жени до моќна држава, порачаа социјалдемократките од Куманово Под мотото „Со моќни жени до моќна држава“, Форумот на жени на СДСМ Куманово, денеска на градскиот плоштад го одбележаа Меѓународниот ден на правата на жените - 8 Март.
Автомобил удри во жена на „Доне Божинов“ Повозрасна жена е повредена во сообраќајна незгода, откако во неа удрил автомобил.
Полицаец осомничен за плаќање фактури со туѓа платежна картичка СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.А.(28) од Куманово, вработен како полициски службеник во СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Кои се потенцијалните кандидати за пратеници од Куманово Останаа уште неколку дена до официјалното објавување на кандидатските листи за пратеници. Како се приближуваат парламентарните избори, така во кумановската чаршија и партиските ограноци се погласни се шпекулациите кои ќе бидат имињата и позициите во Втората изборна единица.
Немаат коронавирус двајцата странци кои беа во карантин во скопски хотел, соопшти Филипче Негативни се тестовите на корона вирус на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Сокрила марихуана во поштенско сандаче - полицијата ја уапсила СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.К.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Се предлага да се откажат јавните собири, а спортските натпревари да се играат без публика до 13 март Министерот за здравство Венко Филипче и` предложил на Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавните собири и спортските натпревари без публика, до 13 март.
Откриен малолетникот што клоцаше куче и се снимаше Малолетник од село во Општина Старо Нагоричане, е лицето коешто клоцаше куче на игралиште во Куманово.
Двајца кумановци добија награда од 100.000 денари на наградната игра „Мој ДДВ“ Ласте Петрински и Мица Пачковска од Куманово добија по 100.000 денари на вчерашното извлекување од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“.
Ќе се направи мини парк на влезот на „Перо Чичо“ за да се спречи создавањето на дивата депонија ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, од денеска, повторно започнува со чистење на депонијата пред влезот на населбата „Перо Чичо“ во Куманово, каде ќе засадат дрвја за да се оневозможи одново создавање на истата.
Седма жртва од експлозијата во Романовце Утрово почина уште едно лице кое се задоби со тешки повреди, при екплозијата на плинска боца во село Романовце.
„Bravo Pool cafe“ го слави првиот роденден „Bravo Pool cafe“, едно од најурбаните и најпосетувани кафулиња во градот, го слави првиот роденден. Многу гости и посетители во изминатата година беа дел од успешната приказна на овој препознатлив кумановски локал.
Училиштата ќе добијат дезинфекциски средства за заштита од коронавирусот Од денеска ќе започнe дистрибуција на дезинфекциски средства во основните и средни училиштата во земјава, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Нема нови случаи на заразени со корона вирусот, поригорозни мерки за патниците од Италија Сите патници што се враќаат од Милано и Венеција со авионите на „Визер“ од денеска на аеродромите во Скопје и Охрид ќе треба писмено да остават информации каде ќе престојуваат во Македонија, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Од што боледува Куманово? Го сакам Оливер Мандиќ. Во една од неговите, за мене најубавите ноти "Ми доаѓа да... Елизабета Секирарска