КОВИД-19 е нов вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир...
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска апелираше до граѓаните за услуги и консултации во институциите да се обраќаат по електронски пат, со цел да се намали посетата на институциите.
Почина 10-годишно дете кое се здоби со 70 отсто изгореници во експлозијата со плинска боца во село Романовце, Куманово. Ова е осма жртва од експлозијата.
Нема да се одложат парламентарните избори на 12 април, само до 24 март нема да се спроведуваат големи митинзи, едногласно одлучиле политичките партии на лидерската средба во Владата.
Зоран Павловски од Куманово, државен секретар во Министерството за економија, е кандидат за пратени на ЛДП на листата на коалицијата на СДСМ во Втората изборна единица.
Министерството за труд и социјална политика(МТСП) ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе за превенција од ширење на болеста на коронавирусот.
Општина Куманово од утре (петок), па до 24 март, нема да врши прием на странки во сите сектори и одделенија на општината, поради состојбата со корона вирусот, согласно мерките и препораките на...
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени...
Граничниот премин Прохор Пчински, на српско-македонската граница, од утре ќе биде затворен за сообраќај и патници, со одлука на Владата на Србија, а како заштита од корона вирусот.
Светската здравствена организација денеска прогласи гобална криза, односно пандемија, поради ширењето на новиот вирус КОВИД-19 или попознат како коронавирус.
Министерството за внатрешни работи ги предупредува корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени, односно лажни вести околу коронавирусот, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.