Владата ги усвои измените на Законот за стечајци Владата ги усвои најавените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика.
Кумановец продавал фалсификувани лекови До Основно Јавно Обвинителство Куманово поднесена е кривична пријава против А.Љ. (33) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување од член 212 став 1 од КЗ на РМ.
Библиотеката ќе го дигитализира Наш Весник Дигитализација на Наш Весник, промоции на книги, државни награди и популаризација на книгата се главните активности во годинешната програма за работа на библиотеката „Тане Георгиевски“ Куманово.
Ромите добиле 0,006 отсто за култура, тврди Елезовски Ромската етничка заедница добила само 0,006 отсто од вкупниот буџет на Министерството за култура за реализација на проекти за оваа година.
Три улици без вода Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска (27.02) привремено без вода ќе останат потрошувачите на улиците: Никола Тесла, Стеван Филиповиќ и 6-ти Април.
74 години од формирањето на Трета МУБ одбележано во Жегљане Денеска во селото Жегљане се одбележа 74 годишнината од формирањето на Третата македонска ударна бригада.
Изградиле стопански објект на државно земјиште во Радибуш Сопственици на приватна фирма изградиле стопански објект во селото Радибуш надвор од дозволената градба и узурпирале државно земјиште, поради заработиле кривична пријава.
Шеста седница на Советот на Општина Куманово Во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Куманово.
Фрлени 70 тони сол на кумановските улици Над 70 тони сол фрли зимската служба на улиците во Општина Куманово при расчистување на снегот.
Многу студено со снег до четврток Во наредните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег.
Снегот го отежна сообраќајот Снегот кој паѓа од вчера го отежнаа сообраќајот на патиштата во државата, кој се одвива по влажни коловози.
Кривични пријави за кумановци за демолирање ресторан Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Е.З. (25), Ф.А.(32) и М.С.(20), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Куманово е регионален центар без репрезентативен хотел Куманово е еден од ретките поголеми градови во регионот кој нема репрезентативен хотел, иако се наоѓа на само 30 километри од Скопје и го носи приматот центар на Североисточниот Регион.
Изложба на фотографии од меѓународната колонија Старо Нагоричане Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот ќе се одржи изложбата на дела од меѓународната фотографска колонијата која се одржува во Старо Нагоричане.
Обештетени само 54, од пријавените 1600 стечајци Новиот закон за стечајни работници доживеа вистинско фијаско во Куманово, градот со најголем број стечајци кои со години се борат за решавање на нивниот статус.
Три катни гаражи најави градоначалникот Димитриевски Катни монтажни гаражи на паркинг просторот кај КИБ банка, трговскиот центар СУ-МА и на локалитетот Серава, најави градоначалникот Максим Димитриевски на денешниот отчет пред граѓаните.