Камион со дрва се превртел во селото Орах На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во атарот на селото Сув Орах се превртел камион натоварен со дрва.
Годишен концерт на „Dance Team Fusion“- државни прваци во танцување Балетско-танцовата група „Dance Team Fusion“ од Куманово, освои прво место на државното првенство во танцување и ќе ја претставува државата на Светското првенство во Полска
Ветераните пред споменикот на Вера Которка на Пониква Триесетмина армиски и полициски ветерани – членови на ЗАПВАРС од Куманово во неделата на (11 јуни) го посетија споменикот на Вера Трајковска–Которка, која загина на 11 јуни 1944 година на Пониква во една од битките со тогашната бугарска фашистичка војска и полиција.
Без струја повеќе села Поради дефект на електро-енергетскиот систем без струја ќе останат повеќе села во општината Старо Нагоричане.
Мини саем на книга во Градската библиотека Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во соработка со Издавачката куќа „Матица Македонска“ организира мини саем на книгата што ќе се одржи од денеска до сабота (14 до 17 јуни).
Власта Димковиќ заменик министер за земјоделство Поранешниот градоначалник на општина Старо Нагоричaне, Власта Димковиќ, е предлог за заменик министер за земјоделство во новата влада на Зоран Заев.
Продолжува реконструкцијата на улиците во градот Продолжува реконструкцијата на улиците во централното градско подрачје.
Поевтинуваат горивата Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Повреден мотоциклист, излетал од патот Момче од Куманово се здобило со тешки повреди и пренесено е на Скопските клиники, откако паднало од мотор.
Прскање од комарци во Липково Екипи од Центарот за јавно здравје Куманово, во четврток и петок, во вечерните часови од 22 часот, ќе ја извршат првата фаза на терестичка дезинсекција на подрачјето на општината Липково.
Заврши школската година-започна летниот распуст За околу 17.000 ученици, 11000 основци и 6000 средношколци од Општината Куманово денеска започна летниот распуст.
Без вода две улици и две населби Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат две улици во градот и две приградски населби.
Започна чистење на ѓубрето од Кумановка Акцијаши и волонтери од земјава и странство ќе ги чистат реките Липковка, Коњарка и Кумановка, од натрпаниот смет кои го фрлаат несовесните граѓани.
ВАШИ ПИСМА: Што плаќаат учениците во „Магдалена Антова„ ? Во името на родителите на учениците од ООУ „Магдалена Антова„ во н. Карпош, Куманово, Ве информираме, а преку Вас сакаме да ја информираме и јавноста и надлежните органи дека управата на училиштето предводена од директорот, како секоја година до сега така и оваа побара од сите родители да платат сума од 100 денари за некакви трошоци за санирање на штети направени во училиштето.
Мандатот на советниците продолжен до октомври Локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври годинава, до кога е продолжен и мандатот на градоначалниците и советниците.
Обука за претприемништво во туризам Здружението „Регионален центар за соработка СПЕКТАР“ – Крива Паланка, испраќа покана до сите млади луѓе, кои се заинтересирани за отпочнување на сопствен бизнис во областа на туризмот, да земат учество на претстојната обука за претприемништво.