Нема злоупотреби на тендерот за зимско одржување на улиците, тврди Дамјановски Градоначалникот Зоран Дамјановски тврди дека локалната самоуправа нема грешки во тендерската постапка за зимското одржување на улиците во градот, поради што добиле согласност и од комисијата за јавни набавки, а остава обвинителството да докаже дали има злоупотреба во документацијата на фирмите што заработиа кривични пријави.
Изложба на фотографии „Мајски салон 2017“ Фото кино клуб Козјак од Куманово организира клубска изложба на уметничка фотографија „Мајски Салон 2017“, во центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
До сабота нестабилно време со локално невреме До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.
„И учен и стручен“ мото на техничкото училиште „Наце Буѓони“ Само квалитетна практичната настава, може да обезбеди стручен кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот, затоа е неопходна поголема подршка и соработка помеѓу бизнис секторот и училиштата во градот,- вели Лидија Михајловска директорка на техничкото училиште
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод „Св. Кирил и Методиј“ Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на своите сограѓани им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители-светите браќа Кирил и Методиј.
Наградени првенците на генерацијата во кумановските училишта Вкупно 27 ученици од основните и средни училишта од општините Куманово и Старо Нагоричане, денеска беа прогласени за ученици на генерацијата-првенци, по повод Денот на словенските просветители “Кирил и Методиј“ и Денот на просветните работници.
Дамјановски: „Среќко Пужаљка“ ќе се заврши за неколку дена Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, ги повика граѓаните да бидат трпеливи уште неколку дена до целосно завршување на реконструкцијата на канализационата мрежа на улицата „Среќко Пужаљка“, по што околните улици ќе бидат асфалтирани.
ВМРО-ДПМНЕ:„Среќко Пужаљка“ небезбедна за движење Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека со реконструкција на улицата „Среќко Пужаљка„ ја загрозува безбедноста на граѓаните и учениците кои секојдневно поминуваат во тој дел на градот.
Кривични пријави за газди на фирми за зимско одржување на улиците и вработени во општина Куманово Кумановската полиција поденсе кривични пријави против две фирми задолжени за зимско одржување на улиците во Куманово и против вработени во општината, кои овозможиле фирмите да го добијат тендерот иако не ги исполнувале условите и да ги наплаќаат услугите иако не ги извршиле.
Општината организира матурска журка Општина Куманово организира журка за сите матуранти од средните училишта во градот.
Кумановец шверцувал пиротехнички средства Полицијата поднесе кривична пријава против А.А.(31) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и ракување со оружје или распрскувачки материи.
Општина Куманово распишува конкурс за фотографија „ Мое Куманово“ Општина Куманово распишува конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од градот наречен „ Мое Куманово“.
Кран повреди работник во ФЗЦ Вработен во Фабриката за заварени цевки и профили „11. Октомври“, тешко е повреден кога кран му ги притиснал нозете.
За убиството на командант Шипоња 7 години затвор Вкупно 7 години затвор, пет години за убиство и две години за нелегално поседување на оружје е осуден Бајран Лимани од Лојане, претседател на кумановскиот разгранок на ДУИ.
Пријава за кумановец за кражба од пред две години Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Ц.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба”.