Модернизиран граничниот премин „Табановце“
Граничниот премин Табановце, денеска беше пуштен во употреба, надграден и осовремен, заради побрз протокот на производи и патници на Коридорот 10.

Изградени се две нови сообраќајни ленти, за да се зголеми пропусната моќ за стокови пратки, но и да се воведе ефикасна контроли и современи стандарди во работењето на царинската лабараторија која целосно е опремена.
“Го пуштаме во употреба новореконструираниот инфраструктурен капацитет на ГП Табановце, развиен според најмодерните и функционални стандарди за царинење и за олеснување на трговијата и контролата и ја стартуваме работата на интероперабилниот информатички систем на царинската управа со царинските информатички системи на ЕУ, односно ја носиме ЕУ, носиме високи стандарди на работа во нашата Македонија“ – рече во обраќањето премиерот Зоран Заев.
Компјутерскиот систем, ќе го подобри управувањето и контролата на транзитните постапки, ќе влијае на забрзувањето на царинските постапки и ќе овозможи поефикасен сервис кон граѓаните и бизнис заедницата.
Градежните активности се спроведени во рамки на проектот финансиран од фондовите на Европската Унија, кофинансиран од Владата на Република Македонија.