Се одржа хуманитарната акција „Дарувај од срце„ Педесетина жени од СДСМ денеска учествуваа на хуманитарната акција „Дарувај од срце„, која ја организираше Форумот на жени.
Реставрирана црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане Завршија конзерваторско- реставраторските работи во црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во селото Младо Нагоричане.
Кривична за хакер на мејл адреси на фирма Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Н. за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
Бесплатно впишување на имот во 4 катастарски општини во Куманово Одделението за катастар на недвижности во Куманово ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини: Рамно, Буковљане, Дренак и Мгленце.
Кривична за разбојникот што украде јакна и мобилен Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
Хуманитарна акција „Дарувај од срце“ Форумот на жени на СДСМ и оваа година традиционално по шести пат ќе ја спроведува хуманитарната акција „Дарувај од срце„.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на општински имот, надлежните демантираат ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, дека дозволил општински имот во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ да се користи за приватна ординација на неговата ќерка.
Во прекин сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка Од 11.20 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Облавце, информира Автомото сојузот на Македонија.
10 години нема апарат за панорамско снимање на забите во државни амбуланти Повеќе од 10 години државните здравствени институции во Куманово немаат апарат за панорамско рентгенско снимање на забите.
Без струја неколку делови од градот Неколку улици во градот и дел од приградски населби денеска ќе останат без електрична енергија.
Се подготвува стратегија за социјална инклузија на млади и жени Конференција за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на млади и жени во рамки на проектот „Македонска активна платформа за социјална инклузија -МАПСИ, организираше Здружението на жени „Сирма“ од Куманово.
Жители на Табановце краделе храна и облека од бегалски камп Неколку жители од пограничното село Табановце се сомничат дека извршиле кражба во Транзитниот центар Табановце, откако во нивните домови е пронајдена поголема количина производи за лична хигиена, храна и облека наменета за мигрантите.
Среќко Пужаљка не може да се помине од кал Улицата Среќко Пужаљка, која се наоѓа во непосредна близина на основните училиште "Браќа Миладиновци" и гимназијата "Гоце Делчев", не може да се помине од кал.
Камион слетал во провалија на патот Куманово-Крива Паланка На магистралниот пат Куманово- Крива Паланка во селото Облавце, шлепер марка Волво сопственост на кумановска фирма излетал од патот и паднал во провалија.
Одбележана годишнината од загинувањето на Карпош Денеска се навршуваат 73 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош.
Половина Куманово синоќа остана без струја Голем дел од градот синоќа остана без електрична енергија поради дефект.