×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Социјалната помош доцнеше од технички причини, тврдат од МТСП

    25.01.2018 06:55 | KumanovoNews

    Министерството за труд и социјална политика ја исплати социјалната помош, за која претходно социјалците реагираа дека доцни околу две недели.

    Социјалната помош доцнеше од технички причини, тврдат од МТСП

    „Причината поради која исплатата за декември не се реализира во предвидениот рок до 15 Јануари  се должи на законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува Програма од социјална и детска заштита. Врз основа на оваа Програма се врши исплата на правата. Ова е застој од техничка природа заради запазување на процедурите и истиот веќе е надминат“-соопштуваат од Министерството.

     Од таму потсетуваат дека правото за социјална парична помош и помош и нега од друго лице, од 2012 до 2017 година биле исплаќани со три месеци задоцнување, односно средствата за ноември биле исплаќани во месец февруари.

    „Од ноември 2017 оваа пракса е променета и правата за месец ноември се исплатени во месец декември 2017 година. Ова ќе биде редовна пракса и динамика на исплата и нема потреба од загриженост кај корисниците, - тврдат од МТСП.