Босански возачи продале туѓа соја на жител на Којнаре Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Х. и М.М., двајцата од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “затајување” и против А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање”.
Светосавска академија за националниот празник на Србите По повод националниот празник на Србите во Македонија Свети Сава, Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово, во четврток во Народниот театар организира Светосавска академија.
Поевтинуваат горивата Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар до денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Кумановец се заканувал дека ќе убие обезбедувач на Заложна куќа Кумановската полиција поднесена кривична пријава против Н.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Починал на улица откако му се слошило С.И.(74) од Куманово денеска претпладне починал на улица, откако добил срцев удар.
Магла на Страцин и во котлините Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.
Заврши зимскиот распуст, учениците денеска на училиште За околу 16.200 ученици, од кои 10.800 основци и 5.300 средношколци од Куманово, денеска започна второто полугодие од учебната 2016/2017 година, откако заврши зимскиот распуст.
УМС:Загадувањето во Куманово е 7 пати над дозволеното Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Куманово повторно е најзагаден град во Европа, а локалната власт не презема ништо.
Изгоре кров на куќа од запален оџак Изгоре дел од кровна конструкција на куќа на „Говедарски пат“ во населбата Тоде Мендол, откако се запалил оџак.
Заев и Манчевски дадоа исказ во Кумановскиот суд Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против лидерот Зоран Заев и партијата СДСМ , по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски, за незаконско објавување на прислушуваните разговори.
Самет Салиевски нов советник во Советот на општина Куманово Самет Салиевски од СДСМ, вработен во ЈП „Чистота и Зеленило“ е нов советник во Советот на општина Куманово.
Се одржа „Пивтијада 2017„ Бетка Пешевска (37) од Младо Нагоричане ја освои првата награда на годинешнава кулинарска манифестација „Пивтијада 2017„, што по повод празникот Богојавление-Водици, се одржа во ресторанот Грација во Куманово.
Стефан Мирчевски најсреќен во затворениот базен Стефан Мирчевски (16) беше најсреќен меѓу 70 момчиња што денеска скокаа по крстот во затворениот базен во Куманово.
Ненад Тодоровски го фати крстот во „Светa Тројца“ Ненад Тодоровски (30) од Куманово го фати крстот во црквата „Света Тројца“, кој денеска, по повод празникот Богојавление-Водици се фрлаше во базенот.
Виктор Петковски по втор пат го фати крстот во „Свети Никола„ Виктор Петковски (22) од населбата Долно Којнаре го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Само оние што знаат да пливаат ќе скокаат по крстот во затворениот базен Три пливачки клуба од градот го организираат фрлањето на светиот крст во водите на затворениот базен во Куманово.