Во Куманово 14 сантиметри снег, -2 минимална температура Висината на снежната покривка во Куманово изнесува 14 сантиметри, а минималната температура -2.
Влажни коловози и кашаст снег по патиштата во државата Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Се подготвува нова претстава во Кумановскиот театар Актерите од Кумановскиот театар ја подготвуваат претставата “Семејството Тот”, по текст на унгарскиот писател Иштван Еркењ, во режија на Мартин Лазаревски.
Пивтијада по 15. пат во Куманово Мултимедијалниот центар Карпино по 15. пат ја организира манифестацијата Пивтијада, која ќе се одржи во четврток во ресторанот Грација.
Во Куманово 6 сантиметри снег, температурата -2 Висината на снежната покривка во Куманово утринава е 6 сантиметри, а минималната температура ноќеска изнесувала -2 степени Целзиусови.
Светиот крст ќе се фрла во Затворениот базен На празникот Водици, православните верници ќе скокаат по крстот во затворениот базен во Куманово.
Помош за сиромашните и бездомниците Општинската организација на Црвен крст Куманово интензивно работи на обезбедување хуманитарна помош на социјално загорозените семејства и стари и изнемоштени лица во отсечените и непристепни села во регионот.
Пожарникарните со полни раце работа од почетокот на годината Дваесетичетири интервенции имала противпожарната единица во Куманово од почетокот на годината.
Четврток-Водици неработен за православните Христијанскиот празник Богојавление- Водици, кој е во четврток, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Снегот повторно паѓа, сообраќајот се одвива во зимски услови Во Куманово повторно паѓа снег. Според општинските служби снегот засега не создава проблеми и сите улици и локални патиша во Општината се проодни.
Момче повредено со огнено оружје во кафе бар Деветнаестгодишен кумановец, утринава е повреден со пиштол во ногата во кафе бар во Куманово.
Пропаѓа највредната збирка на народни носии во Македонија Неповратно исчезнува македонското културно наследство поради негрижа на државата. Таков пример е една од највредните приватни збирки на рачни ракотворби и етнолошки предмети, која повеќе од четири децении ја создава Златко Давитковски од кумановското село Режановце.
Кривична за кумановец што ограбил кавадарчанка Полицијата поднесе кривична пријава против С.К. (38) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Одбележана 73 годишнината од битката во Пелинце Денескa се одбележува годишнината од битката на Пелинце во која загинаа Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи.
Отворена стечајна постапка за Кумановската циглана Отворена е стечајна постапка за Керамичко индустрискиот комбинат(КИК) А.Д.Куманово.
Зимскиот распуст продолжен до 23 јануари Зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, односно наместо на 18 јануари учениците ќе се вратат на училиште на 23 јануари.