Самостојна изложба на Дејан Божиновски во Куманово
28.12.2017 08:43
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија Куманово, денеска во 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Дејан Божиновски од Куманово.

Изложбата прикажува 15 ликовни дела работени во комбинирана техника ( акрил и масло на платно), под работен наслов „Screenshot “.
Oва е негово трето претставување во Куманово, со циклус дела од најновата продукција работена во текот на 2017 година.
Проектот е дел од програмските активност на НУ Музеј - Куманово и е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 20 јануари 2018 година.