Македонија гласа, денеска се одржуваат парламентарни избори Во Република Македоија денеска се одржуваат деветтите предвремени парламентарни избори.
Канцеларијата на Народниот правобранител утре отворена за граѓаните Канцелариите на Народниот правобранител во Куманово, Скопје, Битола, Кичево, Струмица, Тетово и во Штип, утре, на денот на изборите ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
Денеска гласаат болните и раселените Нема проблеми во гласањето на болните, раселените и затворените лица во Куманово.
МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 3.000 набљудувачи Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи предвремените парламентарни избори со повеќе од 3.000 набљудувачи.
МВР ќе издава лични карти и во недела Министерството за внатрешни работи, на денот на изборите ќе работат на издавање на лични карти.
Во Куманово пријавени 115 случаи на семејно насилство Во Куманово лани се евидентирани 115 случаи на семејно насилство. Од нив во 95 проценти жртви се жените, потоа следуваат децата и во незначителен број мажите.
Корпа од багер усмрти работник А.А. (24) од липковското село Отља, починал вчера откако врз него паднала корпа од багер.
Изложба на Сашо и Пандора Саздовски во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утревечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, скулптури и инсталации на авторите Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска - Саздовска.
Се одржа панел дискусија за родова еднаквост Во рамките на проектот "Youth Voice Macedonia" (Гласот на младите) во Центарот за Култура "Трајко Прокопиев" се одржа панел дискусија на тема „Родова еднаквост„ на која дебатираа млади луѓе од општите Куманово и Липково.
Ќе се проширува царински терминал Табановце Наскоро ќе започнат градежните работи за проширување царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, соопштуваат од Царинската управа на РМ.
Кумановец добитник на признание за волонтерство Владимир Цветковски, волонтер на општинската организација на Црвен крст Куманово доби благодарница за волонтерски достигнувања и посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија. Цветковски е ден од седуммината наградени на ниво на државата.
Учење преку воннаставни активности во „Перо Наков„ Средно општинско училиште “Перо Наков” заедно со уште три училишта од Литванија, Романија и Полска го започнаа проектот “Учење преку воннаставни активности”.
„Порака Наша“ слави 10. роденден Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака Наша“ денеска одбележува десет години постоење и успешна работа.
Куманово најзагаден град во државата Дури 14 пати над дозволеното беше присуствито на штетните честички во воздухот, синоќа во Куманово.
Митинг на СДСМ во Куманово Коалицијата на СДСМ „За живот во Македонија“ вечерва ќе одржи митинг во Куманово. Митингот ќе започна во 19.30 часот на Градскиот плоштад.
Романскиот амбасадор во посета на Куманово Во посета на Општина Куманово денеска престојуваше амбасадор на Романија во Македонија, Виорел Станила кој пред еден месец стапи на должноста.