„Куманово-паркинг“ ќе потроши 14 милиони денари за осветлување Јавното претпријатије Куманово-паркинг“ во 2016 година ќе потроши 14 милиони денари за улично осветлување, 3 милиони за нова градба и 4 милиони за реконструкција.
Игор Митевски е нов командир на Полициска станица Игор Митевски е избран за нов командир на Полициска станица Куманово, на денешната седница на Советот на општина Куманово, на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Кумановци дебатираа за економските мигранти и бегалците Кумановци синоќа дебатираа за тоа кои се економските мигранти, а кои се бегалци на трибината „Куманово-Авганистан-Куманово“, организирана од левичарското движење Солидарност во нашиот град.
Традиционална крводарителска акција во „Куманово-паркинг“ Во јавното претпријатије „Куманово-паркинг“ утре ќе се одржи крводарителска акција.
Средношколскиот пленум ќе бара подобри услови во училиштата Средношколскиот пленум по 20 декември со штандови ќе се промовира во средните училишта во градот, при што ќе има и кампања за подобри услови во училиштата.
По повод колумната „Дарко победи, ние изгубивме“ на Филип Јаневиќ Почитуван,Вашата колумна, ме поттикна на размислување, сублимирано во прашањето: што е постаро, кокошката или јајцето?
Пчиња ќе добие водовод од 250.000 евра Договорена е изградбата на водоводната мрежа во селото Пчиња. Проектот ќе чини околу 250.000 евра, а средствата се добиени од Европска инвестициона банка.
Промовирана монографија „20 години пензионерско спортување“ Здружението на пензионери Куманово денеска ја промовираше монографијата “20 години пензионерско спортување“.
Се реновира третиот кат во Здравствен дом Во Здравствен дом Куманово се реновира третиот кат каде е административниот дел на установата.
Театарот доби нова тонска опрема Кумановскиот театар вчера доби нова тонска опрема од Министерството за култура.
Продавајќи новогодишни украси ќе собираат средства за хуманитарни цели И оваа година волонтерите од Црвен Крст Куманово ќе продаваат рачно изработени украси , со што ќе соберат средства кои ќе одат во хуманитарни цели.
Се уредува Домот на културата во Матејче Се доуредува Домот на културата во липковското село Матејче.
Четириесет и петта седница на Советот на Општина Куманово Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено политички организации, со почеток во 10 часот.
Грк сакал да прошверцува 30.000 евра Минатата недела 30.000 евра се најдени при личен претрес на грчки државјанин, кој како патник во грчки автомобил, управуван од грчки државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Ќе нема пречек на Нова година на Градскиот плоштад По осум години се прекинува традицијата за пречек на Нова година на градскиот плоштад во Куманово.
Доделени дипломи на 9-та генерација дипломци во „Еуро Колеџ“ На 46 дипломци од 9-та генерација запишани во 2012/2013 година на “Еуро Колеџ“ викендов во Младинскиот културен центар “Козјак“ им беа доделени дипломи.