Бензините од полноќ поевтинуваат за 1,5 а дизелот за 2,5 денари
10.12.2018 13:14
| KumanovoNews
Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат, објави Регулаторна комисија за енергетика.

Од полноќ, еуросупер -95 и еуросупер - 98 поевтинуваат за 1,50 денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61,50 односно 63,50 денари.
Цената на еуродизел горивото се намалува за 2,50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58,50 денари.