Кумановец приведен поради семејно насилство и напад на полицаец
18.06.2025 15:34
| KumanovoNews
Кумановската полиција приведе жител на Куманово, поради напад на неговата мајка и на полициски службеник.

"На 17 јуни во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 33-годишен кумановец, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а потоа нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава", соопшти МВР.