×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Eтнолошки филмови и изложба на фотографии од гевгелиско беа прикажани во Центарот за култура

    12.04.2024 08:39 | Теодора Стоевска

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчера беа прикажани два етнолошки фима и изложба на фотографии - проекти на Домот на култура „Македонија“ од Гевгелија.

    Eтнолошки филмови и изложба на фотографии од гевгелиско беа прикажани во Центарот за култура

    Посетителите имаа можност да ги видат кратките етнолошки филмови „Лазаренки - реликвија на етничкиот предел Бојмија“ и „Огледало“, како и изложбата на фотографии „Црквите и манастирите во Гевгелиско“.

    „Краткиот етнолошки филм „Огледало“ прикажува секојдневни дејствија од животот на луѓето во периодот помеѓу двете светски војни, нивната жртва за опстанок, посветеноста околу домаќинството и семејството, отежнатиот образовен процес и сето тоа синкретички претставено преку денешните благодети кои ги уживаме благодарејќи на таа нивна жртва. Огледалото е предметот кој е сведок и метафорично ги претставува сите тие дејствија и акти. Во филмот можат да се забележат дел од процесот жнеење, перење на река, пасење овци, косење сено“, вели  Силвестер Проле, автор на филмовите.

    Филмот „Лазаренки“ е реконструкција на женскиот обред посветен на Лазарева сабота. Во него се претставени дел од обичаите и наменските песни кои се пеат за благодет и бериќет во фамилијата. Ги пеат девојки шетајќи од куќа на куќа, а за возврат добиваат подароци како јајца и пари.

    Посетителите имаа можност да ја погледнат и изложбата „Црквите и манастирите во гевгелиско“ на која преку фотографии се претставени делови од духовните храмови во околината на Гевгелија заедно со облековната структура која соодветствува со етничкиот предел Бојмија која била секојдневие во периодот на почетокот на XX век.