Мени

„Вода“ – втора самостојна изложба на Биљана Јовчевска во Куманово

10.11.2025 11:14 | KumanovoNews

Љубителите на уметноста во Куманово во среда ќе имаат можност да уживаат во новото ликовно издание на Биљана Јовчевска. 

„Вода“ – втора самостојна изложба на Биљана Јовчевска во Куманово

Во Занаетчискиот дом, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена нејзината втора самостојна изложба под наслов „Вода“.

Публиката ќе може да погледне 31 слика – пејзажи со мотиви од природата, изработени во техника акрил на платно. Делата се создадени во изминатите неколку години и, како што најавува авторката, ја носат инспирацијата од постојаното движење, смиреност и сила што ја симболизира водата.

Изложбата ќе ја отвори ликовниот уметник Александар Стефановски, кој ќе говори и за уметничкото патување и стилот на Јовчевска.

Настанот е дел од програмата „Ноемвриски денови“ и се реализира со поддршка на Фондацијата за култура и спорт.

Изложбата ќе биде отворена до 24. ноември.