×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем пожар во Крива Паланка, постои опасност да ги зафати куќите

    09.07.2025 14:34 | KumanovoNews

    Голем пожар предпладне избувнал во населбата Лозанови и село Градец,  општина Крива Паланка, кој се шири со голема брзина од силниот ветар, и постои опасност да ги зафати куќите. 

    Голем пожар во Крива Паланка, постои опасност да ги зафати куќите

    „Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани. Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново. Мораме да дејствуваме веднаш. Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите. Секоја помош е од непроценливо значење – и секој човек значи разлика. Ова е момент за единство, солидарност и хуманост.Да се мобилизираме како заедница – за заштита на нашите домови и природа“, повика градоначалникот Сашко Митовски.

    Екипите на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, а повикана е помош и од општина Ранковце.