Изгоре 130 хектари ниско стаблеста шума во Ругинце
Во голем пожар во село Ругинце, општина Старо Нагоричене, вчера изгореа 130 хектари сува трева и нискостеблеста шума.

Пожарот прво избувнал околу 10 часот, но по интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане, бил изгаснат во 11.15 часот.
Во 11:30 часот се појавил нов пожар на 500 метри од првото жариште и брзо се раширил, па бил ставен под конрола дури во 19:00 часот.
„Опожарена е сува трева и ниско стаблеста шума со површина од околу 130 хектара. Интервениравме со 3 противпожарни возило и 8 пожарникари, а на испомош ни дојдоа колегите од Ранковце со 1 возило и 2 пожарникари и од Кратово со 1 возило и 4 пожарникари“, вели Далибор Трајковски, командир на Противпожарната единица Старо Нагоричане.
Причината за пожарот не е позната, се претпоставува дека е човечки фактор, но тоа треба да го утврдат надлежните.
Командирот Трајковски апелира до жителите да бидат претпазливи, бидејќи е време на жетва сериозно да ја сфатат работата поради високите температури затоа што има многу лесно може да дојде до пожар, кој потоа тешко се контролира.