Изгоре автомобил во Романовце
21.12.2018 17:17
| KumanovoNews
Автомобил „пежи 306“ целосно изгоре во селото Романовце. Пожарот избуванал кратко по полноќ, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово.
Во моментот кога пожарникарите се приближиле експлодирала плинска боца. Пожарникарите само успеале да го локализираат пожарот на автомобилот кој целосно изгорел.
Во текот на изминатите 24 часа пожарникарите имале интервенција на запален оџак на ул. „Ужичка“ бр.10.