Кумановци се степале на бензинска пумпа
22.02.2020 17:42
| KumanovoNews
Двајца кумановци се степале утринава на бензинска пумпа на автопатот Куманово - Табановце.

Во 04,15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бензинска пумпа на автопат Табановце дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.А.(37) и Д.А. (39) и двајцата од Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.