Кумановка измамена при купување стан
16.09.2025 15:47
| KumanovoNews
Шеесет и едногодишна кумановка пријави дека била измамена за сума од 3. 2 милиони денари, при купопродажба на стан и гаража во Скопје.

Според пријавеното, таа преку посредник купила и исплатила стан со гаража во изградба од правно лице од Скопје, а рокот за изградба и примопредавање бил во септември 2020 година.
„Фирмата не го испочитувала рокот, а откако на почетокот на 2025 година добила известување од извршител дека доверител на купениот стан е банка во стечај, сфатила дека е измамена“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.