×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 30 отсто од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, над 28 отсто од возрасните се дебели, покажа истражувањето на ИЈЗ

    04.03.2024 13:14 | Оливера Пешевска

     Над 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со зголемена телесна тежина, а 13,8 посто се со дебелина или екстремна дебелина, објавено во извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во чест на 4  Mарт, Светски ден на дебелината. 

    Над 30 отсто од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, над 28 отсто од возрасните се дебели, покажа истражувањето на ИЈЗ

    Зголемената телесна тежина е почеста кај жителите на урбаните средини, а почесто се јавува кај момчињата, за разлика од девојчињата. Кај возрасните тој процент е нешто понизок и изнесува 28,4 отсто.

    „Исхрана со високо преработена и енергетски-богата храна е значаен фактор кој придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата. Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини кои промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина“, стои во извештајот на ИЈЗ.

    Истражувањето е спроведено во периодот од октомври до декември 2022 година, на 2.683 ученици од 111 училишта од државата. Меѓу другото податоците говорат дека значаен фактор за овие навики се семејните приходи, односно децата кои живееат во семејства со пониски приходи поминуваат повеќе време пред екраните, но охрабрувачки е што најголемиот број на деца имаат непрекинат сон од 9 часа. Во просек 82 отсто од второодделенците имаат појадок секој ден, но помал е процентот на редовно, секојденвно конзумирање на свеж зеленчук и овошје ( 21,2 и 24,7 проценти) во однос на безалкохолни пијалоци богати со шеќер- повеќе од 32 посто од децата повќе од три пати неделно пијат сокчиња.

    Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот КОСИ, имплементирана во 45 држави од Европскиот регион. Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната срединa.

    „Дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно, но на високо ниво“, констатира Институт за јавно здравје.

    Најновата студија објавена во „Лансет“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живееле со дебелина. Од 1990 година, во светски рамки, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите – од пет до 19 години.

    Во Северна Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Во последните три декади дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто.