×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Невестинско поклонение“ за благослов на снаите во Конопница, Кривопаланечко

    25.03.2024 06:53 | Жаклина Цветковска

    Во црквата „Свети Теодор Тирон“ во Конопница, Крива Паланка викендов се одржа 14-то издание на манифестацијата „Невестинско поклонение“, на која учествуваа повеќе парови снаи и свекрви од земјава и соседството по повод празникот Тодорица.

    „Невестинско поклонение“ за благослов на снаите во Конопница, Кривопаланечко

    Невестинско поклонение е автентичен обичај од кривопаланечко на кој учествуваат снаите кои склопиле брак помеѓу две тодорици и кои заедно со своите свекрви учествуваат во после свадбениот ритуал на кој се поклонуваат пред светецот и добиваат благослов за род и пород и зајакнување на семејните и брачни врски.

    Годинава, дел од невестинската поворка беа снаи и свекрви од од Крива Паланка, Ранковце и Герман, а ексклузивни гости беа снаата и свекрвата од Галичка свадба, како и снаа и свекрва од Лесковац , Србија.

    Покровител на манифестацијата е Општина Крива Паланка, а настанот и оваа година привлече голем број гости.

    „Невестинското поклонение е сведоштво за автентичната традиција, култура и трајните вредности пренесувани со генерации. Овој обичај е уникатен и автентичен за Конопница и нашиот крај, културен бренд што ја оживува традицијата. Ги негуваме обичаите како дел од идентитетот - белег на времињата што изминале и аманет да ги пренесуваме од поколение на поколение. Затоа, ги чуваме од заборав, одржувајќи ги до денес како мост за иднината“, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

    Пред 14 години, замрената традиција ја обнови идејниот творец  на манифестацијата Стојанче Величковски од РЗР „Патник“, кој гради успешна приказна и ја обединува народната традиција во регионот.

    Коорганизатори на настанот се Лу Градски музеј, НУ Центар за култура, МПЦ-ОА, месната заедница Конопница и локалното население.

    „Невестинско полонение“ годинава е дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата 2024, поддржана од Министерството за култура.