×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски: 27 април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

    27.04.2024 18:09 | Сузана Николиќ

    Никогаш не смееме да заборавиме и да дозволиме да се повтори 27 ми април, најцрниот ден, најцрниот датум во историјата на македонската демократија, рече денеска на прес-конференција, Оливер Спасовски, носител на ИЕ2 од СДСМ.

    Спасовски: 27 април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

    „Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ. Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок. А насилници никако не се уставобранители како што Мицкоски и Силјановска ги нарекуваат. Најавите за нивно помилување се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ“, кажа Спасовски.

    Тој додаде дека 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија. 

    „Затоа не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност. СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај.Глас на 8 ми мај за СДСМ и коалицијата е глас за слободна, демократска и европска држава“, додаде Спасовски.