×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општинските инспектори треба да добијат подобар статус во системот

    30.09.2022 13:48 | Жаклина Цветковска

    Локалните инспекциски служби се запоставени во однос на државните инспекторати и не се посветува доволно внимание на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат при извршувањето на нивните надлежности. Неопходни се реформи во инспекцискиот систем со кои ќе се обезбеди подобар статус на општинските инспектори, а со тоа и нивна независност, ефикасност и професионалност.

    Општинските инспектори треба да добијат подобар статус во системот

    Ова е еден од главните заклучоци од експертската дебата, оганизирана од НВО Инфоцентар и партнерските организации РЦС „Спектар“ Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, во рамките на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните, поддржан од Цивика Мобилитас.

    На дебатата на која се дискутираше за придобивките и предизвиците што произлегуваат од Законот за инспекциски надзор, локалните инспектори беа едногласни дека е време за измени и дополнувања на овој закон и побараа задолжително да бидат вклучени во изготвувањето на новите законски решенија. Како главни приоритети беа посочени потребите за регионализација на локалната инспекциската служба, доекипираност, департизација и ослободување од ризикот на корупција и притисоци. Со нивното осамостојување се очекува да се смени и перцепцијата за инспекторатите и да се зајакне довербата кај граѓаните и во јавноста.

    „Локалните инспекциски служби се исклучително важна алка во системот на инспекцискиот надзор во државата, но, за жал, тие се секогаш во сенка на државните инспекторати. Нашата главна цел беше да ги посочиме добрите страни на законот за инспекциски надзор со кој се унапреди положбата на локалните инспектори, но и да ги детектираме бројните проблеми со кои се соочуваат, особено кога станува збор за нивната независност од центрите на политичка, партиска и економска моќ“, истакна Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар од Скопје.

    На дебатата беа презентирани и резултатите од спроведената анкета во која учествуваа 96 инспектори од општинските служби. Според анализата, над 80 % од нив сметаат дека законот на инспекциски надзор е добар, но треба да се усогласи со останатата законска регулатива, а исто толкав поцент посочија дека локалните инспекторати не се воопшто или се недоволно екипирани. Над 70 % , пак, сметаат дека постојниот организациски модел треба да се промени со регионализација на инспекциските служби или централизиран концепт за да се обезбеди поголема ефикасност и независност.

    Панелист на експертската дебата беше и Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово.

    „Граѓаните бараат брзи и ефикасни решенија за нивните проблеми и нив не ги засегаат недореченостите околу надлежностите и законската регулатива што влијаат на одолговлекување на постапките. Ниту пак тоа што ние сме само контролори на мерките и политиките што други ги носат. Но, заради отсуството на системски закони испаѓа дека ние ги „шетаме“ граѓаните од една до друга служба, иако имаме обврска да им овозможиме остварување на нивните права“, посочи Бојковски.

    Од страна на Инспекцискиот совет, експертите и локалните инспектори беше поздравена иницијативата на инспекциската служба од Куманово за воспоставување на меѓуопштинска соработа за заеднички специјализирани обуки.

    „Обуките се еден од клучните сегменти на локалните инспекторати за успешно спроведување на законските прописи. Затоа, заедно со локалната инспекциска служба од Велес покренавме иницијатива за заеднички обуки на локалните инспектори. Соработката предизвика интерес и кај останатите служби и веќе ни се приклучија и инспекторите од Старо Нагоричане и Крива Паланка. Ова е показател дека локалните инспекторати сакаат да бидат професионални и да си ја вршат својата работа“, нагласи Бојковски.

    Покрај Бојковски, на експертската дебата како панелисти учествуваа и Благоја Гешоски од Инспекцискиот совет на РСМ, Нури Бајрами од Државната комисија за спречување на корупцијата, Славица Переска, раководителка на Одделението за инспекциски надзор Велес, Мери Петреска од Државен инспекторат за земјоделство, Горан Трајчевски експерт и Ѓорѓи Чукарски од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочните постапки.