Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заради заштита на авторските права, повеќе од 50 македонски интернет медиуми ги напуштија агрегаторите на вести, како Тајм.мк, Грид.мк и Вести.мк, соопшти Здружението Онлајнмедиа.мк.
Медиумите зазедоа заеднички став дека договори од страна на агрегаторите, за преземање содржини без надомест, се неприфатливи.
„Според последните измени на Законот за авторски и сродни права („Службен весник на РСМ“ број 87/2005), ве известуваме дека не ги прифаќаме вашите предлог договори испратени неодамна до нашите редакции, за правото да ги преземате нашите информации, фотографии, видеа. Доколку тоа бесправно преземање продолжи од ваша страна, ќе бидеме принудени да покренуваме постапки за заштита на авторските права“, стои во соопштението на здружението Онлајнмедиа.мк.
Ова се информативните и други портали кои го потпишале: А1ОН, Бриф, Вистина, Денар, Денешен, Експрес, Еспресо, 24Инфо, Капитал, Канал 77, Кумановоњуз, Кумановски муабети, Курир, Либертас, Лидер, Локално, МКД, MMС, Независен, Нова Македонија, НЕТ ПРЕС, 4NEWS, Офф нет, Опсервер, Плусинфо, Прес 24, Република, Рацин, Слободен печат, 360 Степени, Телеграфи, Точка, Трн, Фактор, Фокус и Црнобело, Екипа, Гол, Дерби, Макфудбал, 24Фудбал, Кош, 24Ракомет, Спорт 1, СпортМ, Спортманија, Спортспорт, Спортски и Суперспорт, порталите на македонските телевизии: Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма.
Извесно е дека овој број интернет медиуми ќе се зголеми. Во вторникот на 20 мај, во организација на здружението Онлајнмедиа.мк, претставници на поголема група македонски интернет портали одржаа состанок и расправаа за проблемот.