×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградeни осуммина ученици од „Наце Буѓони“ и „Браќа Миладиновци“ на натпревар за млади истражувачи

    22.05.2025 08:57 | KumanovoNews

    Ученици од Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и Основното училишта „Браќа Миладиновци“, остварија значителен успех на Државниот натпревар за млади истражувачи, кој викендов се одржа во Куманово. 

    Наградeни осуммина ученици од „Наце Буѓони“ и „Браќа Миладиновци“ на натпревар за млади истражувачи

    Од „Наце Буѓони“, од областа на роботика прво место освои Матеј Глигоријевски, а втор е Андреј Јаковски. Во категоријата автоматика втор е Дарко Строимановски, а пофалница за областа примена на софтвер доби ученичката Ева Тимчевска. Ментор на овие ученици е професорот Марјан Спасиќ.

    Прво место во категоријата дизајн на веб страници освои ученикот Георги Станојковски, под менторство на професорот Ненад Ставревски. Павел Божиновски освои второ место за примена на софтвер, под надзор на професорката Јелена Поп Глигорова. Ева Филиповиќ, ученичка на здравствената струка освои трето место по биохемија, а нејзин ментор е Ленче Анѓеловиќ Ѓоршевска.

    Од основните училишта, Матеј Спасиќ освои прво место, а Леонид Станишковски трето место, двајцата деветоодделенци во „Браќа Миладиновци“. Наградите се доделени за комјутерска техника, а работеле со наставничката Јулијана Величковски Петковска. 

    Натпреварот се одржа во просториите на средното „Наце Буѓони“, а учествуваа 279 ученици од Македонија.

    Овој државен натпревар е единствен во државата, на која ученици од основните и средни училишта заедно со нивните ментори изработуваат проекти во 25 области од применети природни и технички науки. Не се работи за класични натпревари, туку се претставуваат истражувачки, иновативни проекти. Најдобрите се квалификуваат за меѓународни натпревари.

    Организатор на настанот беше Народна техника на Македонија, во соработка со Сојуз на здруженија на млади истражувачи од Македонија „Наука на млади“, Сојуз на клубови на млади техничари и природници (СКМТПМ) и Народна техника Куманово.