×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проширена истрагата на уште 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани

    13.06.2025 13:50 | KumanovoNews

    Поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 14. до 16. март на територијата на СВР Штип сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава, а јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници.

    Проширена истрагата на уште 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани

    „Имено, тие како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита - одобриле План за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Кочани без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од Стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење на полициски работи. По овој план, кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, без какви било измени, било постапено и на 16.03.2025 на место каде што биле собрани поголем број на луѓе - кабаре „ПУЛС“. Исто така, не преземале мерки да спречат активирање на пиротехничка опрема на сцената каде настапувала музичка група во моментот кога ја вршеле контролата, а чие палење не било пријавено во Полициската станица Кочани и како последица на палење на пиротехниката настанал пожар во дискотеката „ПУЛС“. На овој начин, со не преземање мерки за заштита на присутните лица и поради несоодветните услови за работа, во текот на акциската контрола настанал пожар во кој починале 62 лица, а 157 лица се здобиле со потешки телесни повреди, a 54 телесни повреди“, соопшти МВР.