Мени

Прво и трето место за ветеранките на Тенискиот клуб „Тумба“ на турнир во Скопје

07.11.2025 13:14 | KumanovoNews

Марија Златевска и Катерина Димковска, членки на ТК Тумба, освоија две медали на тенискиот турнир за ветеранки, кој по пауза од 13 години го организираше Тениската федерација на Македонија. 

Прво и трето место за ветеранките на Тенискиот клуб „Тумба“ на турнир во Скопје

Златевска го освои првото место, а Димковска е третопласирана.  Одличен настап имаше Драгица Томовска која својот настап го заврши во четвртфиналето.

Турнирот поминал во одлична организација, а мечевите се одиграле на тениските терени на тенискиот клуб „Мондано“ во Скопје.

„Одличната недела на успеси на нашиот тениски клуб ја круниса и нашиот член Алексеј Стојановски кој го освои завршниот мастерс тениски турнир за јуниори до 14 години. Во финалето Алексеј го совлада Марин Стефановски од ТК ИТЦМ од Скопје со 2-0 во сетови 6/3, 6/4. Во името на управата на Тенискиот клуб "Тумба" од Куманово упатуваме искрени честитки до нашите претставници за постигнатите резултати“, соопштија од клубот.