×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семејното насилство во пораст за време на коронакризата - „Седи дома“ не е безбедно за сите

    18.08.2020 08:21 | KumanovoNews

    Зголемен е бројот на случаи на семејно насилство врз жените за време на коронавирусот во Куманово, во споредба со истиот период од минатата година.

    Семејното насилство во пораст за време на коронакризата - „Седи дома“ не е безбедно за сите

     Дваесет и осум случаи на семејно насилство врз жените, биле пријавени во Центарoт за социјални работи во Куманово, во рок од пет месеци, односно од појавата на коронавирусот, па досега. Од воведувањето на вонредната состојба и рестрикциите на движење во март, па до месецот мај во установата се обратиле 14 жени кои претрпеле семејно насилство, а исто толав број е забележан и за време на месеците јуни и јули. Претходната година, во месеците март, април и мај имало пријавено 10 случаи, а во месеците јуни и јули 9. Сепак, дел од жените жртви на семејното насилство доаѓаат на консултации, но не покрнуваат постапка.

     Од Центарот за социјални работи во Куманово, велат дека не ја исклучуваат можноста дека причината за зголемувањето на семејното насилство може да биде и ограниченото движење, како и целокупната состојба со којашто се соочува општеството поради новонастанатата состојба, но сепак потенцираат дека за да се доведат случаите на семејното насилство во корелација со рестриктивните мерки применети заради корона-кризата, мора најпрво да се направи студија на секој случај поединечно.

    „Ова е бројката која ние ја имаме, меѓутоа постојат и случаи каде жените не поднесуваат пријави, некои само доаѓаат на консултации и не сакаат да продолжат со постапката. Некои од наведените причини за насилството беа економски, но не се сите такви. Други причини се злоупотреба на алкохол, љубомора и здравствени проблеми на сторителите. Со оглед на тоа дека ова веќе постоеше во структурата на семејството, сега е уште пострашно, бидејќи кога некој користи алккохол тоа претходно можел да го прави и надвор од домот, но сега истото го прави во домот. Таквиот начин на однесување од страна на сторителите, несомнено има влијание на целокупното семејство, па и на децата при чувството на доверба и сигурност во родителот, социјалните контакти, врсници, комуникација и просоцијално однесување. Но за подетални информации, треба да се направи посериозна анализа“, вели Елизабета Ангеловска, социјален работник во Центарот во Куманово.

    Ангеловска, додава и дека, од установата и за време на вонредната состојба, случаите на насилството врз жените ги третирале по итна постапка, односно во рок од 24 часа. Тие согласно нивните можности, ги информираат за правата и со нивна согласност ги преземаат мерките за заштита на жртвата.

    На почетокот на коронавирусот, Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насислтво ја истакна својата загриженост поради воведувањето на рестриктивните мерки, бидејќи за многу жени домот не третставува сигурно место за живеење и предупредија дека поради рестриктивните мерки може да се појави зголемување на насилството врз жените, бидејќи долгорочното седење дома може да ги извади на површина проблемите коишто не биле толку драстично забележителни поради динамичниот живот. Тие апелираа до засегнатите институции, сите повици на семејно насилство врз жените да ги третираат како највисок приоритет.

    (Ф.Марковска)