×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

    02.11.2025 21:31 | Сузана Николиќ

    Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ, прогласи победа во вториот круг на Локалните избори во Куманово.

    Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово

    Тој го победи независниот кандидат Горан Стојковски – Диро и го освои третиот градоначалнички мандат. 

    Според Државната изборна комисија (ДИК) од 97 отсто од пребројаните гласови, Димитриевски има 16.503 гласа, а Стојковски 15.366.

    Во првиот круг  Димитриевски освои над 16.000 гласови наспроти Стојковски со помалку од 6.000 гласови.

    Во Куманово во вториот круг имаше ниска излезност од само 33, 43 отсто.

    „Ниската излезност е повеќе од јасна дека граѓаните негодуваат, дополнително сметам дека еден дел од граѓаните мислеа дека победникот е познат, но како и да е, таа ќе биде предмет на анализа. За мене ниската излезност значи незаинтересираност во изборниот процес, што значи дека нешто не штима и јас во следниот четиригодишен период тој инструмент со кој што ќе раководам ќе го наштимам согласно желбата на граѓаните“, изјави Димитриевски. 

    Тој најави дека ќе продолжи во континуитет да работи за градот, и ЗНАМ да се еталбира на политичката сцена.

    „Што се однесува на нискиот одзив на излезност, пораката  е сфатена, и ќе продолжиме посветено да работиме. Се она што беше реазилирано до сега ќе биде двојно повеќе и збогатено со многу добри проекти за градот, се со цел да се подобри условите, ќе се посветам и на поголем економски раст во Куманово. Во следните 4 години со мојот тим, кој што ќе биде обновен и дооформен , да стане главен логистички центар не само во македонија, туку и на Балканот“, рече Димитриевски.  

    Димитриевски кажа дека честитка му испратил и неговиот противкандидат Стојковски.

    Тој се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и целата владина коалиција и на граѓаните што гласале за него.