Три нови засилување во МРК Куманово
МРК Куманово се засили со тројца нови играчи и тоа: Тоше Ончев (28), Ацо Стојков (25), Виктор Трифуновски, а ја продолжи соработката на уште една година и со Христијан Крстаноски и бразилскиот ракометар Гилерме Да Силва Фернандес.

Клубот има и нов тренер Аце Станковски, а Љубиша Димковски е нов спортски директор, стои на официјалната страна на клубот.
Ончев во својата богата кариера настапувал за тимовите на РК Вардар од Скопје, францускиот Вернолиет, Вермон од Франција, Феакаш, Грција, Тримо Требње од Словенија, РК Охрид, РК Голден Арт, РК Фруитленд Борец и шпанскиот Валинокс Новакс.
Второто засилување - Стојков игра на позиција десно крило и ни доаѓа од екипата на Струга, а договорот со МРК Куманово е на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Тој е висок 179 сантиметри, а во својата кариера играл за тимовите на РК Голден Арт , РК Мулти Есенс, РК Алкалоид и веќе споменатиот тим РК Струга.
Ракометарот Трифуновски настапува на позиција лев и среден бек, а учествувал во сите младински школи на РК Вардар од Скопје, вклучувајќи го РК Вардар вториот тим, РК Аеродром од Скопје и РК Борец Фруит Ленд од Велес. Овој ракометар кој е висок 190 сантиметри и тежок 90 килограми во својата кариера во РК Аеродром и РК Борец беше еден од најефикасните стрелци во македонскиот машки ракометен шампионат.
МРК ги продолжи договорите со Крстаноски кој настапува на позиција десен бек и со Да Силва Фернандес, кој пристигна во јануарскиот преоден рок од тимот на Сао Каетано, а предходно настапуваше и во португалскиот шампионат за екипата на Артистик Аванка.
(Фото: МРК)