×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска шампиони на Тениско првенство за јуниори и јуниорки

    27.06.2025 11:34 | KumanovoNews

    Алексеј Стојановски  на ТК „Тумба“ и Анастасија Арсовска од ТК „Југ“ од Скопје се победници на Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниорки до 16 години кое минатиот викенд се одржа во Куманово.

    Алексеј Стојановски  и Анастасија Арсовска шампиони на Тениско првенство за јуниори и јуниорки

    Алексеј Стојановски во финалето го совлада Селим Јилдиз Џемал од ТК “ТАА“ од Скопје,  додека Анастасија Арсовска  беше подобра од Лина Николовска, со која играат во ист клуб ТК „Југ“.

    Натпреварите се одиграа на тениските терени кај Спортската сала во Куманово каде продефилираа најдобрите од нашата држава во оваа возрасна категорија.

    „Задоволството да биде уште поголемо Куманово како град доби два шампиони затоа што и во двете конкуренции триумфираа нашите млади и надежни сограѓани и големи спортисти, покрај Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска е кумановка која игра за скопски клуб“, велат од ТК Тумба.

    Организатори на првенството се ТК „Тумба“ од Куманово и Македонската тениска федерација .