×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Авионско прскање против комарци во вторник во Куманово

    27.06.2025 13:24 | KumanovoNews

     Во вторник  во раните утрински часови ќе се спроведе авионско прскање против возрасна форма на комарци на територијата на општина Куманово.

    Авионско прскање против комарци во вторник во Куманово

    „Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на ден 01.07.2025 година (вторник), во период од 04:00 до 10:00 на територијата на oпштината ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци. Третманот ќе се изврши на површина од 1,270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месна заедница Бабин Дол, месна заедница Гоце Делчев, месна заедница Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ - с.Добрашане. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW“, соопштуваат од Општина Куманово. 

    Тие ги повикуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.