Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска шампиони на Тениско првенство за јуниори и јуниорки
Алексеј Стојановски на ТК „Тумба“ и Анастасија Арсовска од ТК „Југ“ од Скопје се победници на Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниорки до 16 години кое минатиот викенд се одржа во Куманово.

Алексеј Стојановски во финалето го совлада Селим Јилдиз Џемал од ТК “ТАА“ од Скопје, додека Анастасија Арсовска беше подобра од Лина Николовска, со која играат во ист клуб ТК „Југ“.
Натпреварите се одиграа на тениските терени кај Спортската сала во Куманово каде продефилираа најдобрите од нашата држава во оваа возрасна категорија.
„Задоволството да биде уште поголемо Куманово како град доби два шампиони затоа што и во двете конкуренции триумфираа нашите млади и надежни сограѓани и големи спортисти, покрај Алексеј Стојановски и Анастасија Арсовска е кумановка која игра за скопски клуб“, велат од ТК Тумба.
Организатори на првенството се ТК „Тумба“ од Куманово и Македонската тениска федерација .