Српските државјани гласаат во Почесниот конзулат во Куманово
Државјаните на Србија кои живеат во Македонија и се пријавиле за гласање, денеска можат да го остварат своето избирачко право во Куманово и Скопје.
Гласањето во земјава се одвива на две локации: во Амбасадата на Србија во Скопје и во Канцеларијата на почесниот конзул во Куманово, на улица „Илинденска“ број 37.
Според известувањето од српската амбасада, двете избирачки места се отворени од 7 до 20 часот по локално време. Право на глас имаат избирачите запишани во соодветниот извод од Избирачкиот список, кои треба да понесат важечка српска лична карта или пасош.
Според пописот од 2021 година, во Македонија 23.847 лица се изјасниле како Срби, односно 1,30 отсто од резидентното население.
Избирачките места во Скопје и Куманово се дел од мрежата од 93 гласачки места во 37 држави. За гласање надвор од Србија се пријавиле вкупно 102.147 избирачи.
(Фото: VOM.rs)