Приведен кумановец, нападнал полицаец
26.10.2026 10:45
| KumanovoNews
Полицијата привела едно лице затоа што нападнал полицаец додека извршувал работни задачи.
„Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 17.50 часот, го лишија од слобода Д.И. (35) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.