28. 01. 2010 17:10

ТВ Нова наградeна за јакнење на граѓанското општество

ТВ Нова наградeна за јакнење на граѓанското општество

Телевизија Нова е добитник на годишната награда за придонес во зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество за 2009 година на локално ниво што ја доделуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за трајни заедници и USAID.

На церемонијата што синоќа се одржа во Музејот на град Скопје, на присутните им се обрати и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој го истакна значењето на медиумите во градењето на граѓанското општество.

Новинарите мора да бидат заштитени за да можат слободно да ги искажат идеите и да обезбедат информации за прашања кои се од интерс на граѓаните. Работата на медиумите треба да биде ослободена од политиката или деловните интереси, истакна амбасадорот Рикер.

Во образложението при доделување на наградите и признанијата директорката на МИМ Биљана Петковска меѓу другото истакна дека добитниците се избрани преку гласање на стотина легално регистрирани здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија во периодот од  15 октомври до 15 декември мината година.

- И оваа година продолжуваме со истото темпо да известуваме транспарентно и објективно, зашто сметаме дека граѓаните на Куманово го заслужуваат тоа. Оваа награда ќе биде поттик  уште повеќе да ја добиеме довербата кај нашите гледачи-изјави Марјан Стошевски директор на ТВ Нова.

На национално ниво годишната награда за ваков придонес и припадна на телевизијата Канал 5. Награди и признанија за развој и промовирање на граѓанскиот сектор  дибија и Телевизите Алфа,  Алсат- М, електронскиот весник Охрид Њуз, а од печатените медиуми Утрински весник.
 

ТВ Нова наградeна за јакнење на граѓанското општество

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk