×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 11 часот 12,84 отсто гласале на парламентарните избори и 11.72 на претседателските

    08.05.2024 12:22 | Оливера Пешевска

    Излезноста на вториот круг на претседателските избори до 11 часот е 11,72 посто, а на парламентарните 12,84 проценти, се вели во последниот пресек на Општинската изборна комисија Куманово.

    До 11 часот 12,84 отсто гласале на парламентарните избори и 11.72 на претседателските

    Најмала излезност на вториот круг од претседателските избори, на државно ниво бележи Општина Липково со само 1,76 %. И за парламентарните избори гласачите не искажале голем интерес, само 7,33 отсто излегле на гласање.

    Во Општина Старо Нагоричане 11,99 проценти од избирачите гласале за парламентарните, а 11,76 проценти за претседателските избори.

    Изборниот закон предвидува цензус од 40 посто излезност за регуларни и признаени резултати на претседателските избори. За парламентарните нема такво ограничување.

    Државната изборна комисија соопшти дека на територијата на државата на претседателските избори гласале 12,87 посто од гласачите. Трендот за поголема излезност на парламентарните избори е забележан и на национално ниво, до 11 часот 13,69 проценти од граѓаните излегле на гласање.