Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се влошува здравствената состојба на стечајните работници кои две недели штрајкуваат со глад во просториите Здружението "УНИТ" во Куманово. Триесетина повозрасни луѓе стуткани во кебиња, спијат на сточиња и штици послани по подот во една просторија и чекаат да ги посети некој од надлежните институции да започнат преговори за нивните барања.
Здравстевна состојба постојано им се влошува поради што секојдневно се под лекарска контрола.
Вчера на четири лица им се слоши поради зголемен притисок и шеќер во крвта. На еден од нив лекарот му нареди под итно да си замине дома заради состојбата во која се наоѓа. Студеното време дополнително ни ја влошува положбата, но ние ќе останеме тука и покрај тоа што власта не игнорира - вели Лилјана Георгиевска, претседателка на "УНИТ".
Стечајците бараат државата да им исплаќа по 6000 денарин до пензионирање на работниците кои имаат 15 години стаж и старост од 50 години за жени, односно 53 години години мажи, но откако предлог законот не им беше прифатен тие започнаа штрајк со глад.