×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Чистота“ незаконски се намалени платите на работниците, обвини синдикатот, директорот вели се е по закон

    14.02.2024 16:48 | Оливера Пешевска

    Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство,  занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) го обвини Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово, дека незаконски ги намалил платите на  вработените, и еднострано го раскинал договорот што самиот го потпишал. 

    Во „Чистота“ незаконски се намалени платите на работниците, обвини синдикатот, директорот вели се е по закон

    Со оваа одлука ги оштетил сите вработени во претпријатието, кои сега добиваат пониски плата, а над 100 од нив ќе поднесат тужба против директорот и претпријатието.

    Во јуни 2023 година, по штрајкот на јавната администрацијата, во претпријатието била склучена спогодба од страна на СУТКОЗ и директорот Стојчевски, со која вработените добиле линеарно зголемување на платата од 2.806 денари. Договорот е постигнат во согласност со Закон за усогласување на платите со пораст на минималната плата.

    „Во септември 2023 година по стапување на примената по Општиот колективен договор за јавен сектор, со кој вработените добија уште едно покачување на платите од 10 отсто, еднострано од директорот е раскината потпишаната спогодба, со што вработените во ЈП „Чистота и Зеленило“ добија пониски плати. На пример, ако вработениот во август минатата година имал основна плата од 23 илјади денари, со укинување на спогодбата таа изнесувала 20 илјади денари. Со зголемувањето од 10 посто во септември таа изнесува 22 илјади денари. Со тоа вработениот е оштетен за 4.200 денари, бидејќи покачувањето е пресметано на намалена основица“, објасни Столе Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.
     
    Поради ваквата одлука единствениот репрезентативен синдикат на работниците од комуналните дејности против директорот поднел и кривична пријава согласно член 166 и 353 од Кривичниот закон и согласно член 12 од Законот за работни односи. За случувањата известен е и канцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, а за состојбата во претпријатието и постапките на директорот, известени се и градоначалникот и претседавачот на Советот, како и сите советници.

    Наспроти овие тврдења, директорот Даниел Стојчевски вели дека тој како менаџер, ниту било кој друг во претпријатието не може да определи плата на еден работник, туку пресметката се прави врз основа на постојните закони.

    „Ние ги применуваме Законот за исплата на плати и Закон за минимална плата, каде што на плата има зголемување од 10% на сите административни службеници. Онаму каде што можеме да реагираме како јавно претрпијатие беше во делот на даватели на услуги каде што ги корегиравме бодовите и ги зголемивме за тој износ, за да не дојде до намалување на плата на вработените. Јас не можам да утврдувам плата на административни службеници, затоа што ние имаме и забелешка од страна на и ревизија и постапувам по тие напатствија. Платата се исплаќа врз основа на три компоненти врз основа на закон“, дециден е Стојчевски.

    Тој тврди дека во изминатите 4 години, платите на работниците се зголемени за 70 проценти, се исплаќаат навремено, се исплаќа регрес за годишен одмор, работниците имаат нова опрема, сите работници се осигурани и претпријатието има нови возила за извршување на обврските.

    Стојчевски приложи записник од Државниот инспекторат за труд од 1 ноември 2023, во кој се вели дека не се утврдени неправилности во работењето на јавното претпријатие. По 13 дена во нов записник за истата работата, од ист надлежен орган и од ист инспектор се констатира дека се утврдени неправилности во работењето. Поднесени е жалба до управен орган кој одлучува по овие две работи.

    ЈП „Чистота и зеленило“ има нарачано и вештачење врз основа на стручни лица кое ќе го приложат пред надлежни органи за да се види како се исплаќа плата во рамките на претпријатието.

    „Овие прашања се решаваат во рамките на претпријатието, не се решава со кривична пријава или на друг начин што го сметам за политички атак“, смета Стојчевски.

    Од синдикатот, пак велат дека нечовечки, нелогично и крајно непринципиелно е да се намали плата и да се укинува спогодба, за која Управниот одбор веќе донел одлука. 

    „Работниците, 100 колешки и колеги можат да поднеста тужбени барања и доколку ги добијат истите, за што веројатноста е голема, само за еден работник некаде околу илјада евра се адвокатски трошоци. Низа институции констатирале неправилности- Државниот трудов инспекторат и Народниот правобранител во Куманово, и доколку и судот констатира трошоците ќе бидат далеку поголеми. Зборуваме за 100 илјади евра само за адвокатски трошоци. Најмногу загрижува тоа што нема друго претпријатие во државата, значи зборуваме за самоволие во јавниот сектор, а ваков пример нема ниту во приватниот сектор“, констатираше Слободан Трендафилов, претседател на Сојуз на синдикати на Македонија.