Во Куманово ќе се одигра пријателски натпревар во ракомет помеѓу Македонија и Јапонија
28.10.2025 07:08
| KumanovoNews
Во спортската сала во Куманово, во сабота од 16 часот, машката ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Јапонија.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари на платформата на mktickets.mk.
Нашата најдобра ракометна репрезентација воедно ќе биде домаќин на Јапонија и на уште еден натпревар што ќе се игра во Скопје на 30.октомври, но овој дуел ќе биде од затворен карактер.








