Започна Европската младинска олимпијада во Куманово (видео)
Со кошаркарските натпревари помеѓу екипите на Латвија и Франција-мажи, Германија и Финска - жени, денеска во Куманово, започна Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Македонија.
Околу 600 млади спортисти од 40 држави ќе престојуваат во Куманово, а ќе се одржат натпревари во машка и женска кошарка, велосипедизам и планински велосипедизам.
По распоредот попладне ќе играат екипите на:
21.07.2025 (понеделник) – Кошарка
Спортска сала Куманово – Машки натпревари
• 16:00 – Словенија - Литванија
• 18:15 – Македонија - Турција
Сала „Перо Наков“ – Женски натпревари
• 16:00 – Македонија - Белгија
• 18:15 – Унгарија - Шпанија
22.07.2025 (вторник) – Кошарка
Спортска сала Куманово – Машки натпревари
• 11:30 – Чешка - Финска
• 13:45 – Франција - Белгија
• 16:00 – Италија - Полска
• 18:15 – Македонија - Словенија
Сала „Перо Наков“ – Женски натпревари
• 11:30 – Хрватска - Унгарија
• 13:45 – Италија - Турција
• 16:00 – Германија vs Полска
• 18:15 – Македонија - Словенија
23.07.2025 (среда) – Кошарка и Планински велосипедизам
Спортска сала Куманово – Машки натпревари
• 11:30 – Полска - Чешка
• 13:45 – Словенија - Франција
• 16:00 – Италија - Финска
• 18:15 – Македонија - Белгија
Сала „Перо Наков“ – Женски натпревари
• 11:30 – Полска - Хрватска
• 13:45 – Словенија - Италија
• 16:00 – Унгарија - Германија
• 18:15 – Македонија - Турција
Трки – Студена Вода
• 09:00 – Жени – Планински велосипедизам
• 11:00 – Мажи – Планински велосипедизам
24.07.2025 (четврток) – Велосипедизам и свеченост
Улична трка – Куманово
• 10:00 – Старт – Жени
• 12:00 – Старт – Мажи
26.07.2025 (сабота) – Финална свеченост
"Влезот за сите натпревари е бесплатен, што е одлична можност за граѓаните да ги поддржат младите спортисти и да уживаат во спортскиот дух", велат од Општина Куманово.
