Споделете го вашето мислење: Дали пензионерите имаат достоинствен живот?
20.06.2024 18:28
| KumanovoNews
Дали пензионерите имаат достоинствен живот, како ги перципира заедницата, што најмногу им недостасува, какви трансформации се потребни... се дел од прашањата за кои го бараме вашето мислење, со цел подобро да ги разбереме потребите и можностите на постарата популација за активен и исполнет живот.

Ве повикуваме да се вклучите во анкетата на Кумановоњуз и да дадете свој придонес за заложбите за подобрување на квалитетот на животот на постарата популација. Анкетниот прашалник е анонимен и ништо нема да биде објавено без ваша дозвола.
Ви благодариме за учеството!